Зошто Киеза голот го прослави со собирачот на топки? (Видео)

Фиорентина без проблеми со победи Спал со 3:0, а стрелец на третиот гол за „виолетовите“ од Фиренца беше Федерико Киеза, кој погодокот реши да го прослави со едно од момчињата кои се покрај теренот и ги подаваат топките.

Киеза протрча покрај клупата со резевите на неговиот тим, и застана кај едно момче собирач на топки, со кое се прегрна.  Сите кои не го знаат момчето, се зачудија зошто Енрико отиде да прослави со него. Но, на тие што го познаваат, им беше јасно. Станува збор за Лоренцо Киеза, помладиот брат на Фередико, и син на легендата Енрико Киеза.

Лоренцо кој има 14 години, игра во јуниорските категории на Фиорентина и беше ангажиран да собира топки.

 

- Оглас -

Најнови вести