Новинарот Хенри Бушнел од „Атлетик“ објави статија за посетата на Кристијано Роналдо на Белата куќа и се осврна на теориите на заговор зошто португалскиот фудбалер се најде во друштво на Илон Маск, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, саудискиот принц, политичари, и врвни директори.
Вечерата немаше никаква врска со фудбалот, но не е така, спортот, бизнисот и политиката се поиспреплетени од кога било.
Се појавија шпекулации и три теории за присуството на Роналдо:
1) Дали Роналдо се обидува да влијае на евентуална дисквалификација од Светското првенство во 2026 година?
Роналдо седеше во близина на Трамп и Инфантино, две личности кои влијаат на Светското првенство во 2026 година. Ова изгледа особено симболично додека дисциплинската комисија на ФИФА ја чека својата одлука за неговата евентуална суспензија од три натпревари што би значело дека нема да игра на првите два меча на СП.
2) Се обидува да обезбеди политички гаранции во стар случај од Лас Вегас кога беше обвинет за силување?
3) Дали на Трамп му е потребен Роналдо како јавен сојузник пред Светското првенство и обратно?
Ова се само теории, но вреди да се размисли дали можеби има вистина во тоа.
Самиот Роналдо неодамна изјави дека сака да се сретне со Трамп поради неговото влијание врз глобалната политика. На вечерата, Трамп изјави дека неговиот син Барон, е „голем обожавател на Роналдо“, и сега го почитува својот татко уште повеќе.
Експерти веруваат дека Роналдо е доведен како претставник на саудиската „мека моќ“. Саудиска Арабија сака да ја зајакне својата улога во светот, и покрај критиките за кршењата на човековите права.

