Диего Армандо Марадона секогаш имаше одредени ритуали како на теренот така и надвор од него. Една од работите по коишто беше познат Марадона е тоа што носеше два часовници, по еден на двете раце.
Аргентинецот не криеше зошто секогаш е со два часовници на рацете. Едниот часовник го мерело локалното време во местото каде што се наоѓа, додека другиот часовник бил задолжен за да го покажува времето во неговата родна Аргентина.
