Зошто министерот за спорт на Италија му се налути на Пандев по голот против Милан?

Горан Пандев со голот во седмата минута најави дека Џенова ќе победи на тешкото гостување кај Милан. Капитенот на македонската репрезентација го постигна седмиот погодок сезонава во Серија А, а на празниот „Сан Сиро“ радоста кај гостите беше голема. Пандев се израдува во карактеристичен стил гушкајќи се со соиграчите, но тоа го налути министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора.

„Не сум задоволен од тоа што се случува во Серија А. Лигата не презема одговорност. Што треба да се случи за да се запре шампионатот во Серија А? Радувањето и гушкањето на Пандев со соиграчите го докажува тоа најдобро и уште еднаш дава лош пример. Треба да донесуваме одлуки кои го штитат здравјето на Италијанците“, изјави Спадафора, кој гледал како Пандев вчера се радуваше на голот против Милан.

Дуелите во Серија А се играат без присуство на публика поради драстичното ширење на Коронавирусот. Голот на Пандев против Милан беше вкупно 92-ри за струмичанецот во Серија А, што е одлична бројка ако се знае дека зад него се легенди од типот на Диего Марадона и Марко ван Бастен.

- Оглас -

Најнови вести