Зошто на Светското клупско првенство ги нема Барселона и Ливерпул, а игра Салцбург?

Возбудувањата во светскиот клупски фудбалски свет нема да прекинат ниту за време на летниот период. Од 14 јуни до 13 јули ќе се игра првото Светско клупско првенство на кое ќе учествуваат дури 32 екипи од целиот свет.

Во САД ќе доминираат европски клубови. Вкупно 12 екипи од Европа ќе има на овој клупски Мундијал, и тоа: Челзи, Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус, Атлетико Мадрид и Салцбург.

Многумина се чудат како на листата на учесници од Европа ги нема шампионите на Шпанија и Англија, екипите на Барселона и на Ливерпул. Тоа е така затоа што тие не ги исполниле критериумите кои ги постави ФИФА.

Место на Светското клуско првенство има за европските прваци од последните четири сезони (Челзи, Сити, Реал и ПСЖ). Освен нив, покана добија и осумте најдоброрангирани клубови на листата на УЕФА, на база на резултатите во последните четири сезони.

Има и правило дека не смее да има повеќе од три клубови од иста држава. Поради тоа, на листата на учесници се екипи како Борусија Дортмунд, Бенфика, Јувентус и Салцбург, кои минатата сезона не беа конкурентни во европските купови.

- Оглас -

Најнови вести