Зошто Пандев не го шутираше пеналот? Селекторот Ангеловски објасни

Македонија даде три гола, но не победи на гостувањето кај Естонија во меч од Лигата на нации, откако одигра 3:3 во Талин. Нашата репрезентација имаше шанса и за четврти погодок, но Александар Трајковски промаши пенал. Напаѓачот на Мајорка го гаѓаше аголот на голот, но пласираниот удар заврши во пречката и шансата за погодок пропадна.

Во моментот кога беше досуден пеналот за Македонија, на терен во нашата селекција беа капитенот Горан Пандев, како и искусните реализатори Илија Несторовски и Езџан Алиоски (двајцата погодија од пенал против Ерменија). Во опција беше и Енис Барди, кој е познат по својот прецизен удар, но довербата да шутира пенал ја доби Трајковски.

По завршување на дуелот, селекторот Ангеловски на прес конференцијата откри дека уште пред мечот било договор Трајковски да шутира ако има пенал и затоа тој бил изведувач, а не некој друг.

„Трајковски беше прв изведувач одреден“, кратко објасни Ангеловски.

- Оглас -

Најнови вести