Зошто плачеше Марко Арнаутовиќ? (Фото)

Марко Арнаутовиќ не можеше да ги задржи солзите и се расплака во текот на официјалната прес-конференција, денеска пред пријателскиот меч меѓу Австрија и Словачка, закажан за утре од 17.30 во Виена.

Човекот што ни даде два гола во Скопје пред две години во квалификацискиот меч за настап на ова Европско првенство емотивно реагираше на прашањето како издржува одвоен од семејството повеќе од шест месеци.

Марко игра во Кина, а семејството, сопругата и двете деца живеат во Виена. Поради корона-кризата опасниот стрелец немаше можност да ги види повеќе од половина година.

„Едвај издржував. Ги немав видено децата со месеци и минав низ многу тежок период. Сега сум среќен, тука сум во Австрија со нив и тоа ќе ми биде дополнителен мотив да ги направам среќни и нив и нацијата со добри игри на Европското првенство“, изјави Арнаутовиќ и се расплака.

Шпицот на Австрија минува и низ процес на рехабилитација, бидејќи дојде повреден на подготовките на репрезентацијата, но речиси сигурно ќе игра против Македонија на 13. јуни во Букурешт. Тоа ќе биде премиерниот меч за двете репрезентации на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести