Премиер лигата е убедливо најскапата фудбалска лига на светот и промоцијата во највисок ранг за англиските екипи значи дека добиваат вистинско богатство.
Во таква улога се најде Лидс и од денеска клубот за кој игра македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски е нов премиерлигаш, а тоа ќе им донесе на контото оргомно богатсво од најмалку 150 милиони евра.
Само за пласман од Чемпионшип во Премиер лигата на двата клуба им следува толку пари, а Лидс ако биде шампион што е веќе извесно ќе добие дополнителна награда.
Интересно е што Лидс и во случај да испадне од Премиер лигата идната сезона 2020/21 ќе биде испратен во понизок ранг со дополнителни 80 милиони евра.
Сепак планот на Марсело Биелса и на сите во Лидс е престојот во Премиерлигата да биде долг.
Клубот од Јоркшир чекаше долги 16 години за нов настап во најсилната англиска лига и денеска по поразот на ВБА од Хадерсфилд со 1:2 успеаја да се вратат во прволигашкото друштво во Англија.