Реал Мадрид е најтрофеен шпански клуб, но во минатата сезона не беше меѓу првите два тима на табелата во првенството, ниту пак стигна до финалето на Купот, затоа и многумина се прашуваат според кој критериум екипата на Зинедин Зидан учествува во Суперкупот во Џеда, кој годинава за првпат се игра по формат со четири тима.
Барселона беше првак на Шпанија и финалист на Купот, Валенсија го зеде Kупот, а Атлетико беше втор во лигата. Реал местото си го обезбеди благодарение на третата позиција во првенството, како најдобропласиран тим кој не бил финалист на Kупот. Ако во финалето на Купот не играа Барса или Атлетико, за Реал ќе немаше место на Суперкупот.