Зошто Роналдо не присуствуваше на погребот на Жота?

Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо не присуствуваше на погребот на Диого Жота и на неговиот брат Андре Силва. Британските медиуми откриваат кои се наводните причини поради кои Роналдо не беше да оддаде почит на својот соиграч од репрезентацијата.

Во малото градче Гондомар, каде денеска беа погребани Диого и Андре пристигнаа голем број на фудбалски ѕвезди, сегашни и поранешни соиграчи, но го немаше Роналдо.

Според пишувањата на англискиот Мирор, Роналдо решил да не биде присутен во Гондомар за да нема дополнително вознемирување во малото место. Роналдо каде и да се појави предизвикува хаос и според наводите, токму затоа капитенот на португалската репрезентација решил да не отпатува во Гондомар.

Се наводи дека Роналдо контактирал со семејството на Жота и ја објаснил неговата одлука.

- Оглас -

Најнови вести