Зошто УЕФА го смени судијата за Ајакс-Реал?

Словенецот Дамир Скомина ќе биде главен судија на натпреварот Ајакс-Реал Мадрид од осминафиналето во Лигата на шампионите. Мечот на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам се игра в среда, а УЕФА на само два дена пред почетокот, направи рокада. Средбата требаше да ја суди полскиот арбитар Шимон Марчињак, но тој нема да биде на теренот, туку во контролната соба и ќе биде одговорен да гледа снимка при евентуална потреба од ВАР технологијата.

Скомина осум пати му судел на Реал, а Лос бланкос имаат добар скор од 6 победи и два порази. Во септември 2015 година, Скомина судеше во Мадрид кога Реал го победи Ајакс со 2:0, во фазата по групи од ЛШ. Поразите на Реал со Скомина како судија, се од германските екипи Борусија Дортмунд и Шалке 04.

Марчињак е пет години помлад од Скомина, интернационалец е од јануари 2011 и засега не се знае зошто е распределен на друга работна позиција. Тој не е во добро сеќавање на Реал, бидејќи судеше кога „кралскиот клуб“ во август по продолженија загуби од Атлетико Мадрид во европскиот Суперкуп.

- Оглас -

Најнови вести