Зошто воопшто Де Хеа го проигра Мегваер? Забавената снимка ја открива причината (Видео+Фото)

Екипата на Севиља има водство од 1-0 на полувремето против Манчестер Јунајтед, откако Јусуф ен Несири го искористи киксот на Хари Мегваер. Фудбалската Јавност со право си го поставува прашањето – Зошто воопшто Де Хеа проигра до Мегваер?

Одговор на ова прашање дава забавената снимка на која јасно се гледа дека дефанзивецот со рака му дава знак на голманот дека е тука и слободно може да проигра.

На крајот се покажа дека Де Хеа не требаше да му верува на Мегваер и требаше само да ја исфрли топката што подалеку од својот гол, се со цел да ја расчисти опасноста и да не му дозволи нов кикс на Хари Мегваер.

- Оглас -

Најнови вести