Ивица Зубац ја одигра најдобрата партија баскет во кариерата и забележа блескав дабл-дабл со 31 поен и 29 скока за Лос Анџелес клиперс во победата против Индијана пејсерс со 114:100.
Хрватскиот центар неверојатно шутитраше од поле и погоди 14 удари за два поени од 17 обиди.
Само легендарниот Карим Абдул Џабар имал подобар дабл-дабл од 31 поен и 29 скока во историјата на НБА-лигата, плус притоа да имал и најмалку 3 асистенции и 3 блокади.
Ivica Zubac’s final line:
31 PTS
29 REB
3 AST
3 BLKThe only other player in NBA history to post that line or better: Kareem Abdul-Jabbar. pic.twitter.com/Vz0G4MsdMw
— Joey Linn (@joeylinn_) November 27, 2022
На крајот додека Зубац даваше интервју на теренот како играч на мечот, неговите соиграчи му честитаа со бањање.
https://twitter.com/NBA/status/1597012506865799170?s=20&t=ZqgijdPdzJyQjCdERYy5hQ
Во ноќта со многу НБА-кошарка, блесна и Џа Морант од Мемфис гризлис со петтиот трипл-дабл во кариерата.
Морант даде 27 поени и имаше 14 асистенции и 10 скока во победата од 127:123 против Њујорк никс и се израмни на првото место на клупската листа со најмногу трипл-дабли заедно со Марк Гасол.
AY MANE. SAY 12. @JaMorant pic.twitter.com/kHEQXrPAdi
— Memphis Grizzlies (@memgrizz) November 28, 2022
Врвна претстава имаа и Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ еден против друг на мечот меѓу Милвоки бакс и Далас маверикс.
Победија Елените со 124:115, а Јанис имаше 30 поени и 11 скока, додека Дончиќ даде 27 поени со 12 асистенции.
Тегот за победа на Милвоки беше извонредниот Грејсон Ален со 22 поени и погодени 7 тројки од 7 обиди во првото полувреме.
Останати резултати: Бруклин – Портланд 111:97, Минесота – Голден стејт 114:137, Атланта – Мајами 98:106, Бостон – Вашингтон 130:121, Детриот – Кливленд 94:102, Орландо – Филаделфија 103:133.