Шпанскиот репрезентативец Мартин Зубименди во изминатите две години ги одбиваше Барселона, Арсенал, Баерн Минхен, Манчестер сити и Ливерпул, но сега е подготвен да го напушти Реал Сосиедад.
Доверливи извори од Сан Себастијан тврдат дека ситуацијата сега е поинаква, Зубименди и Реал Сосиедад заедно се подготвуваат за разделба во летниот трансфер-период.
И Зубименди и клубот не можат да им одолеат на профитабилните понуди, но овојпат трансферот ќе биде навремено планиран.
Се наведува дека Ливерпул ќе биде во пол-позиција за неговиот потпис. Неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра, но тоа никогаш не било проблем толку колку што беше желбата на играчот да остане во Сан Себастијан.
Зубименди сега го променил ставот и веќе се подготвува за заминување, разгледувајќи ги сите опции до летото.
Сигурно е дека својата шанса ќе ја побара и Реал Мадрид, кој исто така внимателно го следи, додека Барселона изгледа дека се повлекла од трката. Ханси Флик верува во Марк Касадо и Марк Бернал, кои ќе се вратат следната сезона по сериозни повреди.
Зубименди има 25 години и сега е вистинскиот момент да го напушти својот дом и да се докаже на најголемата европска сцена.