19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Зверев доби благи казни од АТП за хулиганскиот напад врз судијата во Акапулко (Видео)

Германскиот тенисер Александер Зверев, кој по натпревар во Акапулко ги загуби нервите и почна со рекетот силно да удира по столчето на кое седеше главниот судија, од АТП доби само условна суспензија и парична казна од 25.000 долари.

Зверев, кој е трети на АТП-листата, доби условна суспензија од 8 недели, но таа суспензија ќе се активира ако Саша направи каков било инцидент во следната година, поточно до 23 февруари 2023. Зверев остана и без 40-те илјади долари кои ги заработи со резултатите на турнирот во Акапулко.

Еве како се однесуваше Зверев по мечот во двојки, по што беше исфрлен од турнирот:

https://twitter.com/i/status/1496433304161165313

- Оглас -

Најнови вести