Во фантастичен четвртфинален дуел, Александер Зверев по голема борба го победи Томи Пол со 3:1 во сетови и се пласира меѓу најдобрите четири на гранслем-турнирот во Мелбурн.
Германскиот тенисер на Отвореното првенство на Австралија е дојден како втор носител, се намачи против 12-тиот на АТП-листата, за сепак на крајот да победи. Првите два сета беа неверојатно драматични. Во двата Пол имаше сервис за да го добие сетот, имаше дури и сет топки, но неуспеа да му го зададе финалниот удар на противникот.
Зверев покажа голема стабилност и ментална сила. Откако успеваше да ги спаси сет топките и да се избори за тај-брејк, таму доминираше. Првиот тај-брејк го доби со 7:1, а во вториот беше уште поубедлив и не му дозволи на противникот да освои ниту еден поен за 7:0.
Two tiebreaks, one point lost 😮💨
Zverev has raised his level when it’s mattered most and leads Paul 7-6(1) 7-6(0)!#AusOpen • #AO2025 pic.twitter.com/FJWbNtWjPr
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 21, 2025
Во третиот сет, Пол покажа дека има сили да им парира на најдобрите и на доминантен начин го доби со 6:2. Сепак, тука како да снема сила кај Американецот. Зверев во четвртиот сет беше убедлив и го доби со 6:1, обезбедувајќи си место во полуфиналето, каде што ќе го чека подобриот од мегапресметката меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас. Овој меч нема да започне пред 10:30 часот.