Александер Зверев доживеа неочекуван пораз во второто коло на Мастерсот во Индијан Велс, откако загуби од Холанѓанецот Талон Грикспор со 2-1 во сетови (6-4, 6-7, 6-7).
Вториот светски рекет добро го започна мечот, освојувајќи го првиот сет благодарение на брејк во петтиот гем, додека Грикспор претходно не успеа да искористи две брејк-топки.
Во вториот сет, Зверев пропушти две шанси за брејк во првиот гем, а Грикспор веднаш го казни тоа со брејк во наредниот. Иако Холанѓанецот имаше предност, Зверев успеа да врати во сетот, но во тај-брејкот Грикспор беше подобар и го израмни резултатот.
Одлучувачкиот трет сет беше највозбудлив, со по два брејка на двете страни. Грикспор пропушти дури пет меч-топки, но Зверев не успеа да го искористи тоа и мечот заврши со уште еден тај-брејк, во кој Холанѓанецот беше посмирен и стигна до голем триумф.
За Зверев, ова е уште еден разочарувачки настап во Индијан Велс, каде никогаш не успеал да стигне подалеку од четвртфиналето. Овојпат, неговиот настап заврши уште во втората рунда.