Германскиот тенисер Александер Зверев настапот на Отвореното првенство на САД го заврши во четвртфиналето, каде што налета на бранителот на титулата, Карлос Алкарас, со 6:3,6:2,6:4.
По мечот, Зверев изјави дека Алкарас и Новак Ѓоковиќ се класа за себе, односно едно ниво над сите останати тенисери и дека очекува токму тие да играат и во финалето на гренслем-турнирот во Њујорк.
„Играв против Новак на мастерсот во Синсинати, а тука во Њујорк против Карлос. Мислам дека нивото на игра им е слично, постојат некои работи кои подобро ги прави Новак, а некои Карлос. Тие се на некое нивно ниво и ние останатите мора да се обидеме да ги стигнеме“, изјави Зверев.