Зверев играше во Задар, па се самоизолира, ама на журка со убавици (Видео)

Германскиот тенисер Александер Зверев е фатен на дело како сам го прекрши ветувањето дека ќе биде во самоизолација 14 дена откако претходно играше на „Адрија“ турнирот во Задар, настан што не заврши и по кој букна зараза со ковид-19.

Четворица тенисери, меѓу кои и најдобриот на светот Новак Ѓоковиќ имаа позитивни тестови на корона-вирусот, па Зверев иако се тестираше и е негативен, објави дека самоволно ќе биде во двонеделен карантин.

„Им се извинувам на сите што ненамерно ги изложив на ризик: За среќа, мојот тест е негативен, но ќе бидам во самоизолација 14 дена и ќе ги следам доследно строгите протоколи. Бидете сигурни во тоа“, изјави Зверев.

Но, Германецот не си остана на зборот и на ветувањето и издржа само неколку дена. Или точно една седмица, а потоа замина на журка во друштво со вистински убавици.

https://twitter.com/BenRothenberg/status/1277307634807382016?s=20

Од неговото друштво некој објави и видео на социјалните мрежи на кое се гледа дека популарниот германски тенисер одлично се забавува, но и си го прершува даденото ветување за целосен карантин.

 

- Оглас -

Најнови вести