Германскиот тенисер Александер Зверев е последниот полуфиналист на Отвореното првенство на Франција, Ролан Гарос, откако со максимални 3-0 го совлада Алекс де Минаур од Австралија.
За Зверев ова ќе биде четврто полуфинале по ред во Париз, каде што за противник ќе го има Норвежанецот, Каспер Руд, кој помеѓу најдобрите четворица тенисери се пласира без борба откако Новак Ѓоковиќ се откажа поради повреда.
Четвртфиналниот меч против Де Минаур најголеми возбудувања донесе во вториот сет, кога тенисерот од Австралија имаше сет топка во 12-тиот гејм, но Зверев успеа да спаси и да дојде до тај-брејк, кој го доби со минимални 7-5.
Полуфиналните натпревари од Ролан Гарос се играат утре, а втората двојка е Синер – Алкарас.