Зверев лесно го реши Сонего и закажа дуел со Гофан

Александар Зверев со идентични 6-3, 6-3 ја осигури победата против Лоренцо Сонего и закажа осминафинален дуел против Давид Гофан. Патот до мастерс-титулата во Монте Карло ќе биде тешка за Зверев ако се знае дека со евентуална победа над Гофан, ќе закаже битка против непоразениот во 2021 година, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

Саша, сепак покажа дека планира до крајот да биде на овој турнир откако за час и 39 минути го реши Сонего. Клучен беше брејкот за 3-1 во првиот сет, по што Зверев си го отвори патот до водство, а потоа му ги одзеде двата последни сервиси на Италијанецот и со првата меч-топка ја оствари победата.

Карењо-Буста во меѓувреме славеше со 6-2, 6-3 против Карен Хачанов, па во осминафиналето ќе се сретне со Каспер Руд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести