Германскиот тенисер Александер Зверев во второто коло на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Рим го совлада Давид Гофан во три сета со 5:7,6:3,6:4 и во текот на мечот си стави инјекција со инсулин.
Германецот боледува од дијабетес тип 1 и камерите го уловија како на паузата помеѓу гемовите си става инјекција со инсулин.
Зверев минатата година откри дека боледува од дијабетес, која е неизлечива болест, и оттогаш може да се види како сам си става инјекција додека игра мечеви.
„Како дете не размислував многу за болеста, но како што стареев, сè повеќе и повеќе мислев на тоа“, изјави Зверев, чија цел е да се собираат финансиски средства за болните од дијабетес.