Зверев не ја комплетираше сензацијата, прво финале за Циципас во Париз (видео)

Стефанос Циципас е првиот финалист на Ролан Гарос по победата во пет сета над Александер Зверев со 6-3, 6-3, 4-6, 2-6 и 6-2. Грчкиот тенисер првпат во кариерата ќе се бори за титулата на Отвореното првенство во Франција, издржувајќи го камбекот на Зверев со сигурен финиш во решавачкиот сет.

Циципас имаше водство од два сета кога Германецотсобра сили да се врати комплетно во мечот во кој и двајцата се бореа за нивнот прво финале на Роланд Гарос. Со брејкот за предност од 3-1 во гемови, Циципас најде начин како да одговори на камбекот во најава од страна на Зверев, кој патем спаси четири меч-топки и намали на 3-5 во решавачкиот сет, но само ја одложи победата на Гркот.

Циципас ќе го чека подобриот од дуелот на титаните, првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, против апсолутниот владел на Париз, Рафаел Надал.

- Оглас -

Најнови вести