Зверев не верува дека Новак повторно ќе биде број еден на АТП ранг-листата

Поранешниот германски тенисер Миша Зверев не верува дека Новак Ѓоковиќ повторно ќе се врати на првото место на АТП ранг-листата иако уште неколку години ќе се бори за трофеите.

По пензионирањето на Роџер Федерер, започнаа и дискусиите за тоа кога и останатите тенисери од големата тројка, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, ќе се повлечат од тенисот.

Неодамна, вујкото на Ѓоковиќ изјави дека Новак од инает ќе игра до неговата 40-та година, но Миша Зверев смета дека Србинот има сили за уште 3-4 години.

„Како што изгледа Новак, може да игра уште 3-4 години. Годините се само бројка ако работите се како што треба на теренот и надвор од него како Новак. Но, не знам дали повторно ќе биде број еден“, вели порашениот тенисер и брат на Александер Зверев.

Новак Ѓоковиќ во неделата во Тел Авив дојде до 89-тата титула во кариерата, но и понатаму остана на седмото место на АТП ранг-листата.

- Оглас -

Најнови вести