Германскиот тенисер Александер Зверев се пласираше во третото коло на ОП на САД по тричасовната битка од пет сета против Франсес Тифо. Шестиот носител на Гренд слемот до конечните 3-2 во сетови (6-3, 3-6, 6-2, 2-6, 6-3) повторно мораше максимално да ја троши енергијата, како и во дуелот против Албот во првото коло.
На секој освоен сет на Зверев, Американецот одговараше на ист начин, а победникот на средбата го одлучи единствениот брејк на Зверев во одлучувачкиот сет. Во третото коло германскиот тенисер го чека подобриот од дуелот меѓу Бедене и Паир.