12.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Зверев со победа го започна завршниот Мастерс

Германскиот тенисер Александер Зверев со победа го започна настапот на завршниот Мастерс турнир во Торино.

Во првото коло од групата Б, Зверев го совлада Американецот Бен Шелтон со 2-0 во сетови (6-3, 7-6), по еден час и 53 минути игра.

Третиот тенисер на светската ранг-листа целосно доминираше во првиот сет, двапати му го одзеде сервисот на противникот и рутински поведе со 6-3.

Во вториот сет натпреварот доби многу поизрамнет тек. Шелтон значително го подобри својот сервис, успешно ги освојуваше своите гемови, а Зверев го следеше неговиот ритам, па сетот заврши во тај-брејк.

Таму Американецот стигна до три последователни сет-топки и изгледаше блиску до израмнување, но Зверев покажа голема смиреност, освои пет поени по ред и го затвори мечот во своја корист.

Во вториот натпревар од оваа група, кој ќе се одигра утре, првиот светски рекет Јаник Синер ќе се соочи со Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

- Оглас -

Најнови вести