Зверев стигна до титулата која ја испушти во 2019 година (видео)

Александар Зверев го освои АТП турнирот во Акапулко откако во финалето славеше по два сета против Стефанос Циципас со 6-4, 7-6. Германскиот тенисер успеа во својот втор обид да стигне до титулата во Мексико, откако во 2019 година го загуби финалето од Ник Кирјос.

Зверев направи голем пресврт во првиот сет во кој Циципас поведе со 4-1, а потоа загуби два гема на свој сервис и му препушти водство на Германецот.

Уште поголема драма се случуваше во вториот сет. Се играше гем за гем до 4-4, а потоа двајцата остварија по еден брејк, по што Зверев спаси сет-топка и евентуално израмнување, па изнуди тајбрејк кој го доби со 7-3.

- Оглас -

Најнови вести