Треторангираниот светски тенисер, Германецот Александар Зверев, ја коментираше доминацијата на Италијанецот Јаник Синер и Шпанецот Карлос Алкараз, и ја оцени својата позиција во трката со нив двајца.
„Можеби не беше мојата најдобра година, но не мислам дека сум толку далеку од лидерите како што мислат некои луѓе. Карлос е вистинска ѕвезда. Тој носи неверојатна енергија на теренот и заедно со Јаник, тие се главните играчи што треба да се победат. Се надевам дека ќе им ја расипам забавата малку, а мислам дека сум способен за тоа“, рече 28-годишниот Зверев кој на Вимблдон, беше елиминиран уште во првото коло.
Зверев има 24 АТП титули, беше и олимписки првак, но призна дека има ментални проблеми кои го кочат. Сега почна да работи со Тони Надал, кој е најзаслужен за успесите на неговиот внук Рафаел Надал, па можеби доаѓаат подобри времиња и ќе биде закана за двајцата најдобри.