Ѕверот од Истокот што ги тероризираше противниците во бокс се пријави на мобилизацијата во Русија

Познатиот турски боксер Николај Валуев, кој доминираше во рингот во супертешка категорија во ВБА-верзијата како шампион од 2005 до 2009 година, објави дека ќе се пријави на воената мобилизација во Русија и дека ќе се бори на фронтот против Украина.

Валуев одамна е пензиониран и е пратеник во руската Дума, а е голем подржувач на политиките на Владимир Путин.

„Добив повик за мобилизација и секако дека ќе одам да се пријавам. Тоа е моја должност кон Русија“, изјави Валуев.

Го нарекуваат Ѕверот од Истокот, или „Beast from the East“, а тој е највисокиот и најкорпулентниот светски првак во историјата на боксот со висина од 213 сантиметри и тежина од 149 килограми.

Во кариерата имаше 53 борби и 50 победи, само со два порази и едно реми, а нокаутираше дури 34 противници.

- Оглас -

Најнови вести