Ѕверска трансформација на некогашниот голгетер на Атлетико и Ливерпул (фото)

Фернандо Торес, некогашниот напаѓач на Атлетико Мадрид и Ливерпул, изненади со неверојатната трансформацијата на телото.

Откако се пензионира во август 2019 година, Шпанецот продолжи со активното вежбање како и рекреативен бокс, па сега воопшто не личи дека некогаш бил фудбалер. Инаку, неодамна положи за тренеска лиценца, по што се приклучи на стручниот штаб на Б тимот на Атлетико Мадрид.

Покрај Атлетико и Ливерпул, Торес играше уште за Челзи и Милан, додека кариерата ја заврши во Јапонија во тимот на Саган Тосу. Со Црвента фурија, Торес двапати беше европски првак и еднаш светски шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести