Американскиот кошаркар Бонзи Колсон одигра меч за памтење во првото коло на турското првенство. Еден од главните играчи во екипата на Пинар Каршијака даде 41 поени, за победа од 90:81 над Бачешехир.
Колсон посебно беше блескав во првите 14 минути во кои постигна дури 28 поени и тоа без ниту едно промашување од поле. Американецот постигна седум тројки од седум обиди. Пинар Каршијака уште на стартот поведе со 11:2, а по првата четвртина водеше со 28:15.
Благодарение на шоуто на Колсон, Пинар во 15 минута водеше со 40:20 и веќе беше јасно дека домаќините ќе победат.
https://twitter.com/i/status/1444251614630621187