Ѕверско забивање на новата НБА атракција, Самурајот Ватанабе се најде на постерот на Едвардс (Видео)
Првиот пик на драфот во 2020 година продолжува со серијата исклучително атрактивни потези

Ентони Едвардс имаше ново моќно забивање во првата сезона што ја игра во НБА лигата, а на постерот на исклучително атрактивниот кошаркар ноќеска се најде Јапонецот Јута Ватанабе.
Едвардс има смо 19 години и исклучително висок одраз што му овозможува со неверојатен лет да ја забива топката, а на дуелот што го играше неговата Минесота тимбервулфс против Торонто репторс ќе настрадаше Ватанабе.
ANTHONY.
EDWARDS. pic.twitter.com/AduIP1LKup
— NBA (@NBA) February 20, 2021
Атрактивен потез, што сепак не и помогна на Минесота да го избегне поразот од 81:86 против шампионот на НБА од 2018 година.
Едвардс го заврши мечот со 7 поени, два од нив од веројатно и најатрективниот потег ноќеска на дуелите во НБА лигата.