-1.2 C
Skopje
петок, 23 јануари 2026

Ѕвезда фуриозна кога беше најпотребно, Олимпијакос изгоре во белградскиот пекол

Црвена ѕвезда го победи Олимпијакос со 91-80 и сега српскиот тим им се придружи на Хапоел Тел Авив и Панатинаикос на делба на врвот во Евролигата со скор 9-4 по 13 кола.

По 30 минути игра гостите од Пиреа водеа со шест поени разлика, но Ѕвезда последната четвртина ја доби со 32-15.

Последниот квартал домашните го почнаа со серија од 13-0 и публиката во преполната белградска Арена беше вистински шести играч кога беше најпотребно и даде придонес да се добие дербито.

 

- Оглас -

Најнови вести