Црвена ѕвезда го совлада Младост Лучани со 4-1 во меч од српската Суперлига, и ја задржа предноста од девет бода во однос на вечниот ривал Партизан која ја имаше и пред ова коло. За Ѕвезда ова е 16-та победа едноподруго, а Црвено-белите успеаја и да заокружат на 70 меча по ред без пораз на свој терен во домашното првенство. Ова е убедливо најдолга серија во Европа.
Гостите шокираа во 34-та минута, со гол од контранапад на Саша Јовановиќ. Особено завршницата на Јовановиќ беше атрактивна кога со поткопување на топката го измами голманот Борјан. Сепак, ова само ги налути домашните кои набрзина до крајот на првото полувреме дадоа три гола.