Ѕвезда и Милан немоќни, „еден во два“ пресврт на Порто, само во Њукасл не беше 3+ (Видео)

Пари Сен Жермен убедливо со 3-0 го победи Милан во дербито на вечерта во фудбалската Лига на шампиони, а во другиот меч од таа „група на смртта“, Борусија Дортмунд славеше со 1-0 на гости кај Њукасл, па и понатаму сите четири тима се со реални шанси да одат во осминафинале.

Милан уште нема дадено гол после три кола, Дортмунд дојде до прва победа, а за Њукасл беше прв пораз.

Порто губеше на полувреме, а убедливо победи на крај во Белгија, па фаворит е за второто место во групата во која најдобра е Барселона.

Најубавиот гол вечерва го даде Чави Симонс од Лајпциг, голот погледнете го ТУКА. Црвена ѕвезда одново загуби во меч на кој даде гол и јасно е дека со Јанг бојс ќе водат битка за пролет во Лигата на Европа. Првакот Манчестер сити долго се мачеше против Јанг бојс, но со двата гола на Ерлинг Халанд, сепак освои три бода и сега е на максимум од 9 по три рунди.

Прв бод освои Селтик, чии навивачи го привлекоа вниманието со поддршката за Палестина.

Резултати од вечерашните мечеви кои почнаа во 21 часот: Антверп – Порто 1-4, Селтик – Атлетико Мадрид 2-2, Њукасл – Борусија Дортмунд 0-1, ПСЖ – Милан 3-0, Лајпциг – Црвена ѕвезда 3-1, Јанг бојс – Манчестер сити 1-3.

- Оглас -

Најнови вести