26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Ѕвезда или Партизан, Севилја или Бетис, типувајте во новото коло на Спортска прогноза, „ајфонот“ чека

Паровите за новото, 25-то коло сезонава на Спортска прогноза се познати и веќе може да почнете со типување на бесплатната игра на Sport Life.

Новото коло носи 13 интересни мечеви, а во центарот на вниманието се двете градски дербија кои се играат в недела: Црвена ѕвезда против Партизан и Севилја против Бетис. Во Белград битката е за титула со Србија, во Севилја пресметка за второто место во Шпанија.

Термнот до кој може да ги вметнете важите прогнози е сабота, 15.30 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, а тоа е Унион Берлин – Мајнц. Од сабота тука се уште мечевите Брентфорд – Њукасл, Брајтон – Астон вила, Стразбур – Ница и Сасуоло – Фиорентина.

Од дуелите кои се играат в недела, треба да ги погодите исходите на мечевите АЗ Алкмaр – Феенорд, Вест хем – Вулверхемптон, Анже – Ленс, Севилја – Бетис, Црвена ѕвезда – Партизан, Реал Сосиедад – Осасуна, Лацио – Наполи и Лион – Лил.

Прекрасниот мобилен телефон „ајфон 12“, се доделува за оној експерт што ќе успее да погоди 13 од 13 понудени парови. Доколку имате 12 или 11 погодоци, Sport Life ќе ви подари вредносни ваучери од по 1.000, односно 500 денари.

Сите 13 парови може да ги видите со кликлување на ПРОГНОЗИРАЈ.

 

- Оглас -

Најнови вести