Црвена ѕвезда триумфира со 75-73 на гостувањето кај Басконија во најинтересниот вечерашен меч во кошаркарската Евролига.
Српскиот тим имаше плус од 14 поени по првото полувреме, но во последната минута од средбата се влезе со предност на домашните од 73-71. Јунак на Ѕвезда беше Ајзеја Кенан кој најпрвин погоди за 73-73, а потоа среќата беше на негова страна кога реализираше за 75-73 на 3,4 секунди до крајот. Басконија не даде кош во својот последен напад, Монеке имаше шут за изедначување, но топката се одби од обрачот.
Ѕвезда сега има 11 победи и 8 порази, со што е седма на табелата.
Милано на Ненад Димитријевиќ славеше на гости кај Асвел со 75-66. Манекените сега се на скор 10-9. Нено вечерва играше само 10 минути во кои даде три поени, а имаше и три загубени топки.
Гостински победи извојуваа и водечките две екипи, Монако и Олимпијакос, над Алба Берлин од 105-90 односно Жалгирис од 92-85.