Ѕвезда ја прослави титулата пред рекорден број гледачи во корона услови (Фото+Видео)

Црвена ѕвезда го победи Пролетер со 2-1 во последниот меч од српското првенство, и ја прослави својата 31-ва титула во клупската историја. Ѕвезда со победата урна европски рекорд од 56 домашни мечеви по ред без пораз, а на конечната табела има 14 бода повеќе од второпласираниот Партизан.

Иако кога почна мечот српските медиуми објавија дека на трибините има десетина илјади луѓе, сепак, официјалната информација е дека биле присутни 18.362 гледачи. Ова е за околу 1.500 повеќе од бројката која се собра на стадионот на Партизан во полуфиналето на Купот на Србија. Овие над 18.000 посетители прават европски рекорд според посетата на фудбалски меч во ерата на коронавирусот.

Видео честитка за Ѕвезда испрати и најдобриот тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој е во Задар, и не можеше да присуствува. Погледнете и видео од навивањето на северната трибина каде што е навивачката група Делии:

- Оглас -

Најнови вести