Барселона беше подобра од Црвена ѕвезда со 86-81 во интересен евролигашки меч во кој гостите од Белград не водеа ниту еднаш, но не беа без прилика да победат.
Сепак, низата големи грешки на Црвено-белите во последните две минути, придонесоа Каталонците да дојдат до победата. Во последните минута ипол, тренерот Сферопулос и најефикасниот Лука Митровиќ направија непотребни технички и го честеа противникот со слободни фрлања, Теодосиќ на минус три скокна и се приземји сосе топка во раце и тоа беше двојно водење, и со вакви грешки, победата беше невозможна.
Сега Барса е на скор 6-1, додека Ѕвезда има 2-5.