9.8 C
Skopje
четврток, 26 февруари 2026

Ѕвезда ќе го елиминира Лил, Лудогорец третпат сезонава гостува кај Ференцварош

6023 Ц. Ѕвезда – Лил (18.45 часот)

Српскиот првак можеби и изненади со победата на гости на првиот меч против Лил, па сега Црвено-белите се фаворити за пласман во осминафиналето на Лигата на Европа. Французите сигурно нема да се предадат, имаат опасни напаѓачи како ветеранот Жиру, а пак ќе ги нема Етан Мбапе, Игаман и Мение. Последните шест меча на Лил во сите натпреварувања беа со 0-2 гола. Овие екипи се сретнаа во Белград и есеноска во лигашкиот дел на Лигата на Европа и тогаш Ѕвезда победи со 1-0.

Предлог тип: Х било кога (1.80)

 

6021 Ференцварош – Лудогорец (18.45 часот)

Бугарскиот првак победи со 2-1 на првиот меч, сега на потег се Унгарците. Ова се две екипи кои ретко играат нерешено, на последните осум средби во сите натпреварувања ни едните ни другите немаат реми. Лудогорец викендов киксира во бугарската лига. Во ноември во лигашкиот дел на Лигата на Европа, Ференцварош го совлада Лудогорец со 3-1, летоска во квалификациите за ЛШ беше 3-0 и Унгарците посакуваат реприза која би ги однела во осминафиналето.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.50)

 

6024 П’лзењ – Панатинаикос (18.45 часот)

Првиот меч во Атина заврши 2-2, и тоа во двете полувремиња двата тима дадоа по еден гол. Овие два тима играа меѓу себе и во декември, тогаш беше 0-0, но исто така во Атина, па сега првпат Чесите се домаќини. Викторија П’лзењ дома нема пораз уште од деветти ноември, и тоа во чешката лига, во европските мечеви не загуби ниеднаш на свој терен иако имаше незгодни ривали, како Порто, Фрајбург, Фенербахче, со сите овие противници одигра нерешено.

Предлог тип:& 1+ прво (1.94)

 

6862 Риека – Омонија (18.45 часот)

Риека победи на Кипар со 1-0 и сега пред своите фанови треба да го потврди пласманот во следната рунда од Конференциската лига. Риека викендов загуби од Хајдук во првенството и малку се разнишани, но и Омонија загуби во кипарската лига, па двата тима ќе пробаат да се  извадат. Омонија нема ниеден нерешен резултат во календарската 2026 година. Би требало да има борба и иако Риека е голем фаворит на хартија, изненадување би било ако триумфира многу убедливо.

Предлог тип: 1 (2.13)

 

6864 Кристал Палас – Зрињски (21.00 часот)

На првиот меч во Мостар конечните 1-1 покажаа дека претставникот на БиХ не се исплаши од премиерлигашот. Сега на реваншот во Лондон чудо би било ако не победи Палас, иако го немаат голгетерот Матета. Кристал палас не блеска во Премиер лигата, во средина е без реални шанси за излез во Европа или да испадне, беа шокантно елиминирани од ФА купот, во аут се и во Лига купот, па Конференциската лига им е единствена шанса да освојат трофеј.

Предлог тип: 1-1 & 0-4 (1.97)

- Оглас -

Најнови вести