30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Ѕвезда му ја честиташе победата на Задар против МЗТ

Кошаркарскиот клуб Црвена ѕвезда на „Твитер“ меѓу првите му ја честиташе на Задар победата над МЗТ Скопје Аеродром и обезбедениот ласман во АБА лигата за претстојната сезона. Овој гест на белградскиот клуб им се допадна во Задар, па тие одговорија со изразување на благодарност за честитката.

Поразот на МЗТ значеше дека Македонија и втора сезона по ред нема да има свој претставник во АБА лигата, па останува утехата со настап на еден или два клуба во второлигашкото јадранско друштво. Нашата земја има право во АБА 2 да има два тима, со предност за првакот и вицешампионот, а ако некој од нив не сака, може и некој трет да се пријави.

- Оглас -

Најнови вести