Ѕвезда на Баерн Минхен нема да се вакцинира против Ковид19, а тврди дека не е антиваксер

Играчот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих откри дека не е вакциниран против Ковид-19 и дека тоа нема да го стори во наредниот период.

Причина за ваквата одлука на една од ѕвездите на Баварците е поради тоа што според него, нема доволни информации за тоа какви несакани последици има вакцината.

„Не сум антиваксер, напротив ги поддржувам сите вакцини, но, конкретно за оваа против Ковид-19, сметам дека е се уште рано да ја примам бидејќи не се познати несаканите ефекти на долг временски период.

Исто така не спаѓам во тие што не веруваат во Короната, бидејќи знам дека како вирус може да предизвика сериозни компликации.

Редовно правам тестови, речиси секој втор ден и се придржувам до сите мерки кои што лекарите и медицинските лица ги препорачуваат, но, барем засега нема да се вакцинирам“ изјави Кимих по денешниот натпревар против Хофенхајм.

Покрај него, германските медиуми открија дека уште четворица фудбалери не сакаат да се вакцинираат, но, нивните имиња останаа неоткриени.

- Оглас -

Најнови вести