Францускиот репрезентативец Осман Дембеле, одби договор тежок дури 200 милиони евра кој му го понуди саудискиот Ал-Наср каде прва ѕвезда е Кристијано Роналдо и кој дал зелено светло клубот да тргне по потписот со играчот на Барселона.
Барселона која мора да продава играчи доколку не сака да има проблеми со финансискиот фер-плеј и ја прифатила понудата на Ал-Наср од 50 милиони евра отштета, но Фудбалерот одбил да се пресели во Саудиска Арабија.
Според каталонските медиуми, Дембеле очекува Барселона наскоро да му понуди нов договор бидејќи актуелниот му истекува идното лето.