10.8 C
Skopje
среда, 18 февруари 2026

Ѕвезда на денот во крос-контри не беше рекордерот Клебо, туку едно куче (Видео)

Јоханес Клебо го освои десеттиот златен олимписки медал и го подобри своето водство на вечната листа на Зимски олимписки игри, но големо внимание предизвика и женскиот екипен спринт слободен стил во Милано и Кортина што се одржува во среда затоа што на патеката се појави натпреварувач на четири нозе.

За време на квалификациската рунда, додека Хрватката Хаџиќ и Гркинката Харалапмпиду се приближуваа кон целта, едно куче истрча на патеката, ги следеше спортистките и мина преку целта, па го има и на снимка за фото-финиш.

Кучето помириса некои од натпреварувачките и беше вратено кај сопственикот од којшто побегнало, уште еднаш отворајќи сомнежи за безбедноста на спортистите на Игрите во Милано Кортина. Има шеговити коментари дека кучето треба да добие медал, но во прв момент многумина помислија дека е волк, па имаше и тревога за опасност. 

Where’s his time
byu/Janbaka insports

- Оглас -

Најнови вести