Мечот помеѓу Унгарија и Англија донесе многу контроверзи во англиската јавност, островјаните беа лути што се исвирка нивното клекнување на колена пред мечот, кое симболизира борба против расизмот, а после поразот во Будимпешта, сите им беа виновни.
За виновник беше „прогласен“ и десниот бек Трент Александер Арнолд, кој беше единствен од 11-те стартери што не ја пееше химната.
За разлика од другите фудбалери, Александер Арнолд не ја пееше „God Save the Queen“ (Боже чувај ја кралицата). Но, додека добиваше многу критики од сите делови на државата, има и навивачи на Ливерпул кои го бранеа.
Фановите на Црвените, и општо жителите на Ливерпул, често искажуваат револт кон националните симболи, и не се премногу заинтересирани за резултатите на англиската репрезентација. На финалето на ФА купот го исвиркаа принцот Вилијам, а целиот проблем кон властите почна во 1989 година кога после трагедијата на „Хилсборо“, вината беше префрлена само врз навивачите на Ливерпул.
Scouser @TrentAA pic.twitter.com/14CXITguEV
— _officialliverpoolfans_ (@_OLiverpoolfans) June 4, 2022