Ирскиот фудбалер Шејн Дафи, кој е добро познат од игрите во Премиер лигата, а од пред некој месец е член на шкотскиот Селтик, има чудно суеверие, користи необичен ритуал, поточно тоалет кој ќе го одбере во соблекувална, го смета за своевидна „амајлија“.
Ексдефанзивецот на Брајтон пред секој меч прави една несекојдневна работа која тешко дека ја прави некој друг познат фудбалер. Имено, Дафи пред секој гостински натпревар си бира среќен тоалет и никако не влегува во друга кабина. И кога останатите кабини се празни, а неговата среќна е зафатена, тој чека. Некогаш се случувало и да го избрка соиграчот за тој да влезе.
Сите соиграчи знаат за суеверието на Дафи кое почна пред некоја година, па веројатно го толерираат во интерес на тимот, ако тоа им носи среќа.