Ѕвезда на Воините потроши половина милион долари на првиот состанок со раперка и експресно доби корпа

Голден стејт вориорс ја заврши одбраната на титулата во конференциското полуфинале каде загуби од ЛА Лејкерс (4-2 во победи), а голем дел од вината лежи во катастрофалните игри на Џордан Пул.

Причина за слабите игри на Пул се љубовните проблеми, барем така тврди раперот Кам’рон. Тој откри дека ѕвездата на Воините ја загубил главата по раперката Ајс Спајс која уште на првиот состанок, прво му ги испразнила џебовите, а потоа го откачила.

„Брате, ова не се ти од минатата година. Врати се во Милвоки и размисли за тоа бидејќи изгледаш будалесто. Кога ќе почнете да излегувате со Ајс Спајс, луѓето поинаку ве гледаат, а на неа ѝ е гајле за сите вас“, рече Кам’рон.

Тој откри дека Пул на првиот состанок со раперката потрошил околу половина милион долари. Кошаркарот на Ајс Спајс и купил автомобил вреден нешто повеќе од 200.000 долари, а не штедел на други работи кои не успеаја да ја убедат раперката дека Пул е вистинскиот човек за неа.

- Оглас -

Најнови вести