Српскиот првак Црвена ѕвезда го претрпе и вториот пораз по ред на гостувањата во Шпанија, вечерва од Реал Мадрид со 79:67.
Претходно и Баксонија завчера убедливо ги победи белграѓани со 93:74 и најави патешествие на Црвена ѕвезда во Шпанија на два меча без бодови.
Вечерва избраниците на Радоњиќ одиграа подобро отколку на претходниот меч и дури на полувремето имаа егал ситуација 32:32 против најтрофејниот клуб во Евролигата со 10 шампионски круни.
Реал, кој беше голем фаворит, додаде гас во второто полувреме и славеше убедливо со 12 поени разлика.
Тавареш со 15 поени, Поирие со 14 и Ханга со 11 поени беа движечката сила на домаќините за деветтата победа во 11 натпревари во Евролигата.
Кај Црвена ѕвезда и на мечот најефиксен беше Холинс со 16 поени, а двоцифрен учинок имаше само уште Ѕирбес со 12 поени.
Во многу подраматичен меч во Минхен, Баерн го победи шесткратниот европски првак Панатинаикос со 81:78.