Ѕвезда никогаш не добила меч од плејоф за ЛШ, но двапати влезе во елитата и играше во групната фаза

Белградската Црвена ѕвезда има причини за оптимизам, но и за загриженост пред вечерашното гостување кај Бодо/Глимт во првиот меч од плејофот за влез во групната фаза од Лигата на шампионите во фудбал.

Ѕвезда досега трипати играла во оваа фаза и нема добиено ниту еден од шесте натпревари. Но, од тие три двомеча, Ѕвезда двапати одеше во групната фаза, а еднаш беше елиминирана. Тогаш Црвено-белите одеа во ЛШ благодарение на правилото за гол повеќе на гости. Сега тоа правило е укинато и ако двата меча завршат нерешено со различен резултат, ќе се играат продолженија.

Позитивно од историска гледна точка е што нивниот тренер Владан Милојевиќ никогаш не испаднал во плејофот за влез во групната фаза во ЛШ или Лигата на Европа. Проблемот е што сега мора да победат, за разлика од порано, кога и со две ремија одеа понатаму поради старото правило со постигнат гол повеќе на гости.

- Оглас -

Најнови вести