Со головите на Пешиќ и Иваниќ, Црвена ѕвезда води со 2-1 по првото полувреме на средбата со Макаби Хаифа, и белграѓани уште немаат резултат кој ги води во Лигата на шампионите.
Во судиското продолжение беше досуден пенал на Израелците, кој не беше реализиран, но Макаби сепак даде гол и резултатот е 2-1. Голманот Борјан одбрани пенал и беше јунак, а само неколку секунди подоцна стана трагичар бидејќи киксираше.
Најубавиот гол беше оној за 2-0, може да го погледнете ТУКА.